Охрид, 8. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На Facebook страницата Охрид слики од минатото, објавена е прекрасна фотографија од преубавиот Охрид, од едно друго време, многу години наназад.
– Рибарските мрежи и чунот во дворот на мојот дедо Коста Каневче и неговиот брат Наум. Сараиште, годината не ми е позната, напиша во објавата на фотографијата Sime Kanevce.
Во секој случај, прекрасната фотографија е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно посиромашно, но многу поедноставно и убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Sime Kanevce
Прочитано: 28