Охрид, 17. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Охрид слики од минатото, објавена е прекрасна фотографија од Охрид од далечната 1982 година.
– Шо ќе беше Охрид, ако не беше Билјана… 1982 година, напиша во објавата членот Ѓоко Зороски, кој ја сподели фотографијата со јавноста.
На фотографијата се гледаат прекрасни куќи со карактеристична архитектура во старата охридска чаршија и раззеленетиот Чинар и џамијата во центарот на градот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид, слики од минатото/Ѓоко Зороски
Прочитано: 62