Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Facebook групата Си беше некогаш Охрид, објавена е уште една ретка фотографија од Охрид од далечното минато.
– Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“, чија изградба ја започна Југословенската народна армија (ЈНА) и која во Охрид во 1978 година организираше сеармиско првенство во сите спортови, со стариот дел на градот во позадина. Спортската сала ја нема бидејќи во времето кога е направена фотографијава (крај на осумдесетите, почеток на деведесеттите години на минатиот век), истата не била ни почната да се гради, а била отворена во август 1998 година со ракометниот турнир „Трофеј на Македонија“, напиша во објавата членот Milcho Georgievski, кој ја осподели фотографијата.
Уште една прекрасна фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Си беше некогаш Охрид