Охрид, 20. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден обичен чадор за сонце на плажа може да Ве врати многу години наназад во времето, скоро 30 години во историјата на убавиот Охрид.
Ја паметите ли Afri-Cola на „Словин Билјана“?
Ако да, тогаш средината средината на 90-тите години од минатиот век биле годините на Вашата младост или зрелост.
Охридската компанија „Словин Билјана“ тогаш произведуваше Afri-Cola, откако прекина со производството на Coca Cola. Во јавноста тогаш имаше поделени мислења за истото, но сите се сеќаваат на промоциите на овој пијалок, кога едно време многу локации, објекти, возила и пловни објекти беа избрендирани токму со логото на Afri-Cola.
Afri-Cola е cola soft пијалок создаден во Германија. Заштитните знаци на пијалокот се регистрирани во далечната 1931 година од компанијата F. Blumhoffer Nachfolger GmbH. Се произведуваше и пијалокот Bluna, кој беше оранж верзија од портокал. Денеска брендот е во сопственост на Mineralbrunnen Überkingen-Teinach AG. Afri-Cola своевремено беше најпопуларен пијалок во Германија, но ја загуби популарноста со почетокот на 60-тите години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес