Охрид, 9. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одржа четвртиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.
Бројни Охриѓани и денеска, полни четири години по неговата прерана смрт, не дозволуваат споменот за него да бледнее. Велат дека неговата ведрина и дух сѐ уште се инспирација за многу од нив да се себенадминуваат и да помагаат.
Маршот започна во близина на неговиот дом, од спортското игралиште кое неодамна во негова чест беше именувано „Трајан Целески-Тачо“.
Учесниците се движеа по патеката од населба Видобишта-Манастир Свети Никола, Велгошти и назад. Истата е умерена и е во должина од 10 километри во двата правци. Водич на турата беше Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Mile Jovanovski