Охрид, 20. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Охрид која по седум години повторно играше еден европски натпревар синоќа славеше победа против романска Турда на домашен терен со 31:25 и така обезбеди одлична предност пред реваншот на гости во Романија.
Охридските ракометари имаа предност скоро во текот на целиот натпревар, а гостите водеа само на двапати со 1-2 и 2-3.
Домаќините во првото полувреме одржуваа минимална разлика во натпреварот, а дури на крајот успеаја да избегаат на плус 3. На стартот од вториот дел избраниците на Стевче Алушовски заиграа поангажирано и во еден момент стигна до предност од седум гола (28-21).
На крајот победата беше убедлива, на радост на навивачите во салата „Билјанини извори“, што дава надеж дека охридските ракометари ќе се вратат со победа од Романија. (Крај)
извор: sport1.mk/makpress.mk фото: архива