Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охрид пред уште еден Божик, денеска на Бадник, облеан во сонце на уживање за бројни охриѓани и гостите кои вечерва уживаа во прошетка по Градскиот кеј.
Солидна исполнетост бележат и угостителските објекти, кафе баровите и рестораните, а има и бројни посетители во хотелското и приватното сместување.
Охрид и годинава е прекрасно украсен и ги пречека сите гости од целиот свет. Покрај на Градскиот плоштад, посебна забавна програма за празничните денови подготвија и угостителите, што уште повеќе придонесе за да биде исполнет градот за време и на сите останати празници пред и после Нова година. Секоја година се бележи солидна исполнетост и за празникот Божик, Стара Нова година, како и за големиот христијански празник Богојавление Водици и Денот на рибарите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес