октомври 13, 2021

Охрид, 13. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од сето она што го слушнавме во изборната кампања, се констатира дека Охрид е заборавен град од централната власт, која и да била во изминативе 30 години, рече на денешната прес конференција Леона Кичеец од Независната советничка листа „Охрид пред сé“.

– Како може најголемиот, а за волја на вистината и единствениот туристички центар во Македонија да нема никакви автопатски поврзувања, железница и марина? Како може да нема театар, концертна сала и библиотека, достојна на неговото реноме? Како може градот на Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Климе Савин, Леко Радиќ и другите пливачки легенди, да нема затворен пливачки базен, запраша Кичеец.

Таа повика да се надминат теснопартиските и лични интереси, Охрид да го ставиме пред сé’, да се обединиме и со политички концензус сите заедно да ги дефинираме капиталните приоритети за Охрид и за истите да се бориме. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука