август 3, 2019

Охрид, 3. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го живее шпицот на сезоната, а продолжениот празничен викенд го наполни градот скоро до последното место.

Во градот под Самуиловата тврдина уживаат бројни туристи од земјата, но и надвор од неа.

По бурните ноќни забави, прекрасниот сончев ден, со температури кои се очекуваат да се искачат до 32. степен, гостите сакаат да го искористат да се изладат во езерските води, на некоја од популарните охридски плажи.

Image may contain: sky, car, tree and outdoor

На нив денес се бараше место повеќе, но вистински проблем беше доаѓањето до нив, а секако и паркирањето. Големата гужва и неколкуте „тесни грла“ на патот Охрид-Св. Наум направија и денес, како и деновиве наназад сообраќајот да се одвива отежнато.

Image may contain: sky, car, tree and outdoor

Слична слика не очекува барем до утре, после што се очекува намалување на бројот на туристите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Аника Метикош

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука