Охрид, 11. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градот Охрид како атрактивна туристичка дестинација продолжи со саемското претставување на природните, културни и историски знаменитости на Меѓународниот саем за културен туризам и филмски фестивал во Велико Трново, Р. Бугарија.
Штандот на општина Охрид беше посетен од многубројните посетители кои изразија особен интерес да го посетат Охрид. Штандот беше посетен од бугарскиот министер за култура Рашко Младенов и министерката за туризам Стела Балтова, кои изразија заинтересираност за активностите на општина Охрид во насока на зголемување на туристичката понуда.
Пред бројните учесници, гости и претставници на туристички агенции, туроператори, медиуми и новинари од Р. Бугарија, Турција, Виетнам, Јужна Африка, Португалија, Шпанија, Индонезија, беа презентирани културно – историските знаменитости, природните богатства, различните форми на активен туризам, како и богатата содржина на сместувачките капацитети во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov