Охрид, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Свети Наум, крајбрежјето на Охридското Езеро, посета на Света Софија, Самоиловата тврдина…, се нудат како предлог идеи за посета и поминување на пријатни мигови во промотивните турнеи на балканските туристички агенции за 8-ми Март.
Како најчеста понуда во туристичките аранжмани, убавините на Охрид се претставени на проспекти од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во дел од понудите Охрид е вклучен како попатна дестинација за посета, а во дел, како главна дестинација. Агенциите ги потсетуваат припадничките на понежниот пол навремено да резервираат за охридските сместувачки капацитети.
За Денот на жената во Охрид се нудат бројни екскурзии со посета на културно-историските споменици, но се спомнуваат и шопинг турите, со акцент на богатата понуда на специфичните охридски бисери. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива