јули 6, 2017

Охрид, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово беше пресечен еден од високите борови во центарот на градот, непосредно до „Летница“.

Неофицијално, Супер радио и OhridPress дознаваат дека дрвото било пресечено поради тоа што „било труло и претставувало опасност за граѓаните“.

drvoletnica2Неодамна, за време на одржувањето на манифестацијата „Охрид трчаТ“ падна поголема гранка од ова дрво, но за среќа во инцидентот немаше повредени лица.

Ова не е прв пат да се сечат дрвјата во централното градско подрачје. Охриѓани бурно реагираа на сечењето на дрвјата на улицата „Партизанска“, а за „масакрот“ на улицата „Димитар Влахов“ се покрена петиција и собирање потписи од страна на Супер радио за спречување на безумието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука