Охрид, 16. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 1903 година во Честахов, Полска, е родена д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија.
Заедно со својот сопруг д-р Владимир Каваев дошла во Охрид во 1923 година. Каваева е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станала шеф на првиот детски диспанзер, амбулантата „Маларична“ во Охрид.
Во 1968 година била одликувана со советски Орден за воени заслуги. Таа била и активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија.
Почина во Охрид, на 2 февруари 1983 година. Во 2014-та година беше уредено нејзиното вечно почивалиште. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива