Охрид, 30. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 2011 година, на 42-годишна возраст почина истакнатиот македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет Илија Зимбо.
Роден е во Охрид на 10-ти октомври 1969 година, каде го стекнал и основното образование. Средното го продолжил во Скопје, а високото образование го дооформил на музичките академии во Скопје и Љубљана.
Важеше за исклучително талентиран, што уште во најрана возраст му донесe награди на повеќе државни натпревари во рамките на поранешната држава – СФРЈ.
Во текот на неговата богата концертна биографија тој имаше голем број настапи како солист и камерен музичар, но и настапи со брјни оркестри.
Почина во Скопје на денешен ден, 30-ти ноември 2011 година. Погребан е во неговиот роден Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива