Охрид, 15. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат шест години од прераната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.
Стојановски за градоначалник беше избран во октомври 2017 година. Тој беше еден од најзначајните кадри во локалната организација на СДСМ во Охрид. Носител на советничката листа на локалните избори во 2013-та година и координатор на советничката група на здружената опозиција во периодот 2013-2017 година.
Пред да стане градоначалник, Стојановски работеше како професор по економски науки и доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Долги години предаваше на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, каде извесен период беше во деканската управа на установата. Охриѓани го паметат како добар и почитуван професор, секогаш насмеан и подготвен секого да сослуша и да помогне. Беше оженет и татко на две деца.
Во знак на почит и сеќавање на неговото дело, постхумно му беше доделено највисокото општинско признание Патрон на градот – „Св. Климент Охридски“ за 2019 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива