април 5, 2018

Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид се подготвува за големиот христијански празник Велигден, во очекување на гостите кои традиционално секоја година го посетуваат најголемиот туристички центар во државава.

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го средуваа градскиот парк и зелените површини. Се косеше тревата и се уредуваа цветните леи.

komunalec3komunalec1Паркот кај градскиот плоштад пак веќе е украсен со со шарени јајца кои веќе неколку години се дел од декорот на Охрид за Велигден.

ohridveligdenohridveligden2Градот живее во духот на големиот ден, а празничната атмосфера веќе се чувствува насекаде. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука