Охрид со апсолутна доминација во денешниот Полициски билтен – тепачки, пожар, пронајдени починати лица…
ноември 3, 2019

Охрид, 3. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со неколку настани, Охрид доминира во денешниот Полициски билтен на МВР.

На 03.11.2019, околу 02:00 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се 23-годишниот Х.Ц. и две години помладиот А.Ц., двајцата од Охрид. Тие, агресивно се однесувале кон полициски службеник кој преземал службени дејства пред угостителски објект. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе им поднесе соодветна пријава.

На 02.11.2019 година, околу 10:00 часот, во соба од затворското одделение за малолетници при казнено поправната установа – Затвор „Охрид“, избувнал пожар кој предизвикал оштетување на дел од инвентарот. Интервенирала Територијалната против пожарна единица, а увид изврши полицискa екипa.

На 02.11.2019 година околу 20:00 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 40-годишниот С.Т. од Охрид врз 58-годишниот Ѓ.М. од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2019 година околу 16,30 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Кузман Шапкарев“ во Охрид, во сопствената куќа била пронајдена почината 58-годишната Р.Д. Од страна на екипа на Итната медицинска помош, констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.

На 02.11.2019 година во 17:45 часот во СВР Охрид, пријавено е починато лице во куќа во охридското село Косел. Од страна на Итната медицинска констатирана е смрт на 77-годишниот С.А. чие тело било во распаѓање. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука