Охрид, 18. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Четирите општини од југозападниот регион, Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани градоначалници ќе добијат во вториот изборен круг.
Според податоците на Државната изборна комисија во Охрид Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ освои 14.380 гласови , додека Константин Георгиески од СДСМ освои 12.460 гласови. Во втор круг Пецаков оди со предност од 1.920 гласови.
Во соседна Струга во втор круг одат Рамис Мерко од ДУИ (10.956 гласови) и Идри Истрефи од Алијанса на Албанците и Алтернатива (9.421).
Жителите на општина Дебрца во втор круг ќе избираат помеѓу актуелниот градоначалник кој на овие избори „истрча“ како независен кандидат, Зоран Ногачески (1.053) и Игор Крцоски од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ (979).
Во Вевчани имаше двајца кандидати и тие одат и во втор круг. Со предност од 78 гласови оди кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Спасе Кочовски (776) пред кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник, Сашо Јанкоски (698).
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи по две недели, односно на 31-ви октомври. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива