октомври 29, 2019

Охрид, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бројна експедиција на „Охрид трчат“ деновиве беше дел од маратонот кој се одржа во Љубљана, Словенија.

Охридската делегација беше примена во Амбасадата на нашата земја во Словенија каде остварија средба со амбасадорката Сузана Зеленковска, која изрази голема благодарност за учеството под македонската знаме на еден од најстарите маратони на Балканот.

– Амбасадароката најави дека ќе разгледа можности за промоција на охридскиот полумаратон и соработка во областа на спортскиот туризам, кој зема се поголем замав во светски рамки. Таа истакна дека ќе се заложи за воспостатување на авионска линија Охрид-Љубљана и продлачување на соработката. „Охрид трчат“ учествуваше на сите трки кои се одржаа во склоп на маратонот во Љубљана и се покажаа во вистинско светло. Најмладите се забавуваа на трката од 3 километри, а вистински предизвик за охриѓани и екипата беше полумаратонот од 21 километар, информираат од „Охрид Трчат“.

Потсетуваат дека од следната година, манифестацијата ќе биде побогата со полумаратон (на 21 километар) кој на уште едно ниво ќе ја подигне спортската манифестација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука