Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од 4-ти до 14-ти август во Охрид ќе се одржува Интернационален летен музички камп.
Организатори се Музичка младина на Македонија во соработка со Кriterium music.
Во рамки на кампот ќе се одржуваат часови по виолина, виола, камерна музика и пијано, предводени од македонскиот виолинист, кој живее и работи во Германија, виртуозот Емилио Перцан. Пијано придружбата е на Тамила Гулиева од Азербејџан.
Покрај совладувањето на тајните на музиката и инструментите, организаторите најавуваат и многу забава и дружење за учесниците на кампот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25