Охрид, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Медиумската куќа „Europa Magazin“ од Брисел сними интервју со градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.
Првиот човек на Охрид посебно се осврна на сегашната и идната регионална, транс-гранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција.
– Општина Охрид, како што рече градоначалникот Стојаноски, успешно имплементира неколку транс-гранични проекти со Универзитетот во Солун и општината Воден, а е вклучена и во големите проекти за заштита на Охридско-Преспанскиот биосферен резерват, како и управувањето со Дримскиот басен, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид
Прочитано: 47