јуни 3, 2017

Охрид, 3. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – 5-ти јуни се одбележува како Светски ден на животната средина.

По тој повод првата седмица од овој месец е прогласена  за “Недела на  животната средина”.

Во тие рамки во Охрид ќе се реализираат повеќе активности. Во понеделник, во дворовите на основните училишта, ќе биде организирана акција за собирање на стара хартија.

Додека пак, во вторник и среда, во рамки на проектот “Цветни балкони – Цветен Охрид” на жителите од одредени улици ќе им бидат поделени жардиниери со саксиско цвеќе.

Целта на одбележувањето на овој ден е што повеќе да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигнувањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука