мај 10, 2018

Охрид, 10. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од наредната недела советниците при Советот на општина Охрид ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на барањата на охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера.

Советничката канцеларија во општинската зграда за охриѓани ќе биде отворена во два работни дена од неделата, вторник и четврток, во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Во деновите за прием на странки ќе дежураат по еден советник од власта и опозицијата. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука