Охрид, 26. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид ќе се збратимува со Нови Пазар во Србија.
Идејата за овој чин се родила на неодамна одржаната Младинската работна акција „Рибариќ“ токму во овој град, каде учествуваа членовите на младинската бригада од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид и беа прогласени за најдобри.
Имено, предлогот дошол од страна на командантот на бригадата Асим Зораниќ, градоначалникот на општината Нихат Бишевац и заменик премиерот на Владата на Србија и министер за трговија, туризам и телекомуникација, кој инаку потекнувал од Нови Пазар, Расим Љајиќ.
Нови Пазар се наоѓа во југозападна Србија, во областа Рашка.
За ова бил запознаен и охридскиот градоначалник, д-р Константин Георгиески, а потпишувањето на договорот за збратимување на двете општини најверојатно ќе се случи на 8-ми декември – Св. Климент Охридски, денот на заштитникот на градот Охрид.
Инаку, следната недела на покана на акцијашите од „Брег на младоста“ во Охрид доаѓаат акцијашите од Нови Пазар.
Општина Охрид досега е збратимена со 14 градови, а има потпишано и протоколи за соработка со 18 општини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива