Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Упатуваме благодарност до противпожарната служба од Охрид која веднаш реагира на нашиот повик и го изгасна пожарот кој се ширеше, информираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS.
– Некој ја чистел вегетацијата покрај реката, ја собрал на куп и ја запалил, наместо да ја депонира на локација каде се одлага ваков вид вегетација. Огнот се ширеше и постоеше опасност да се префрли наоколу, во непосредна близина беше и дрвениот мал мост. Присутните беа загрижени, луѓе кои живеат во близина, најемотивно реагираа децата кои бараа начини да се изгасне огнот и беа нестрпливи да дојдат пожарникарите. Никако да престанат овие практики, постојано се потпалува вегетација, на повеќе локации, без да се размислува за последиците, стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид SOS