Струга/Охрид, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Механизацијата започнала пак да работи на истата локација во Струга, за која објавивме неодамна. Фрлена е дополнителна нова земја во близина на езерото, на државното земјиште, реагираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS.
– Инспекторите поминаа-заминаа. Нити санкции, нити стопирање на активностите, нити пронајдено лицето. Институциите оставаат простор за узурпација и уништување. Битно Министерство за животна средина и ПП си се фали на своите службени страници колку биле посветени на зачувување на природното наследство на Охридскиот Регион. Лажги со опашки. Координација со локалната самоуправа никаква! Од државниот инспекторат за животна средина не сакаат да ги означуваме, ја блокирале таа опција. Преферираат да си седат по канцеларии и да не ги вознемируваме. Инаку, според добиените информации исто така се узурпира и тампонира на друга локација, во правец на Калишта, и таа во близина на езерото (државно земјиште), стои во реакцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид SOS