Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓанската иницијатива Охрид SOS објави фотографии на кои се гледаат последиците од повлекувањето на водата во Охридското Езеро.
Изминатава недела имаше извештај дека од албанска страна водата од Охридското Езеро е повлечена за околу 40 метри. За ова алармираше Аријан Мероли, експерт по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро.
Веќе неколку недели има осцилации и нестабилност во однос на одржувањето на нивото на водата во Охридското Езеро. Главна причина за ваквото ниско ниво на езерото беше производството на електрична енергија од страна на „ЕЛЕМ“, што од друга страна е голема опасност за живиот свет на езерото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид SOS