Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Живее и работи во Германија, името му е Александар Петрески, тој е млад музичар кој потекнува од Охрид и веќе подолг период наназад твори и снима одлична музика, која е се’ повеќе препознаена од слушателите ширум светот.
Неговиот најнов сингл е песната „Judy“.
– Со задоволство Ви ја претставувам мојата нова авторска песна „Judy“. Видеото, во едно преубаво јулско приквечерие на местото кое јас го нарекувам Филип втори (помеѓу Канео и Лабино во Охрид), во една преубава дружба го снимивме заедно со видео и аудио продуцентот Даниел Јовески. Сонцето полека го напушти хоризонтот, а ние полни со позитивна енергија го запревме времето и запишавме историја подарувајќи Ви го ова видео, порачува Александар.
Тој е комплетен автор на песната која е снимена во студиото на Јовески, кој го изработи и видеото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива