март 13, 2017

Охрид/Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Васил Кузманоски од Охрид е избран за претседател на Нотарската комора на Република Македонија.

Изборното собрание на Комората одлучи нотарот Кузманоски, кој беше в.д. претседател, да добие мандат за периодот 2017-2020 година. Кузманоски доаѓа на функцијата претседател на Нотарската комора на Република Македонија на местото на нотарката Зорица Пулејкова, која поднесе оставка.

Според Статутот на Нотарската комора, претседателот на Комората ја застапува и ја претставува Нотарската комора во Република Македонија и во странство. Претседателот на Комората, се вели во Статутот, воедно е и претседател на Управниот одбор и претседава со Собранието на Комората.

На почетокот на месец декември минатата година, Кузманоски беше избран за в.д. претседател на Комората. (Крај)

извор: Академик.мк фото: Академик.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука