Охрид, 3. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Жарко Јакимовски од The Backdoor Band ќе биде дел од проектот IWConnect Bad Symphony vs Discopolis – Една вечер, една сцена – 2 концерти, новиот проект на Битолскиот Камерен Оркестар.
– После незаборавните Rock Symphony, Pop Symphony, Electro Symphony и магичната Stars Symphony, време е за нешто малку поразлично Bad Symphony – мрачно, моќно и епско музичко искуство. Од друга страна, по спектакуларниот MTV The Greatest, доаѓа Discopolis – експлозија од електронски звуци, модерен ритам и прекрасна енергија. Со Bad Symphony ќе се вратиме во времето на најголемите хитови од Prodigy, Rammstein, Depeche Mode и многу други легендарни изведувачи, чии песни рушат рекорди и денес. Настапуваат: извонредната Јасна Димитровска, вокалот на The Backdoor Band – Жарко Јакимовски, и неверојатниот битбоксер Огнен Димовски. Само кратко по Bad Symphony, ќе имате можност да го следите шаренилот на Discopolis со Sarah Mace & The Girls, порачуваат организаторите.
Настанот ќе се одржи во Центарот за култура во Битола, во понеделник, на 9-ти декември 2024 година со почеток во 19:30 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива