октомври 30, 2017

Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Oхриѓанецот Кадри Селман, вработен во „Паркови и зеленило” на ЈП „Охридски комуналец”, создава убавина која патува по светот, афирмирајќи го градот.

Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите, испуштаат по некоја воздишка, честитаат, сликаат, прават селфи за спомен.

kadrifiguri2 kadrifiguri3Кадри Селман, е вработен во „Паркови и зеленило” на ЈП „Охридски комуналец”. Се` е негово, од идеја до реализација. Дури и самиот си купил специјални ножици.

kadriselmanКадри е уметник-самоук, вели, со две дипломи за средно образование.Завшил техничко-текстилно училиште, но и електро-машинско.

– Во ЈП „Охридски комуналец”сум 32 години. Во „Паркови и зеленило”- 13. Фигури обликувам во последниве 8 години, ова што сега го гледате е израснато и формирано во последниве 3 години. Работам сам, иако би сакал да имам помошник, на кого ќе му ја пренесам вештината на обликување фигури, вели Кадри. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: ПлусИнфо

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука