Охрид/Гренхен, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Климент Настоски од неодамна е нов спортски директор на швајцарскиот фудбалски клуб „Гренхен“.
Според објавата во локалниот весник, заедно со претседателот и со засилена екипа очекуваат поголем успех и влез во повисока лига во Швајцарското првенство.
Настески е 37-годишен Охриѓанец кој започна во младинскиот клуб во Охрид, по што продолжи во фудбалската школа на „Партизан“ во Белград, која своевремено беше најдобрата европска школа за фудбал. Настапувал и за ФК „Победа“ од Прилеп и скопски „Металург“ со кој шо го освоија купот на Македонија. Една година играше и во Грција, а последниве 10 години е во Швајцарија каде играше за екипите на ФК „Гренхен“ и ФК „Солотурн“. По повредата пред две години која го спречи да продолжи со активна игра беше тренер на екипата на ФК „Гренхен“, а од пред неколку дена е спортски директор на клубот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива