Сиднеј/Охрид, 6. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во институција сместена во Кинг Крос во Сиднеј, како социјален работник работи охриѓанецот Никола Недески.
Во инстутицијата е сместен центарот за инјектирање дроги. Ова е единствена ваква институција во Австралија. Лицата кои го користат центарот имаат пристап до стерилна опрема за инјектирање и се набљудувани од тим на здравствени работници, што придонесува за ширење на крвно преносливи болести.
Недески вели дека центарот не ја поддржува употребата на дроги, туку ја препознава употребата на дроги како дел од заедницата и бара начин да им помогне на луѓето кои користат дроги да живеат понормален живот.
– Нема можност корисниците на дроги да останат на третман, но нашиот координатор за упатување на третмани има потпишано меморандум за соработка со главните центри за лекување во регионот. На тој начин им се овозможува пристап до детоксикација или третмани за опијатна замена, додава Недески.
Недески е социјален работник, а дипломирал на Институтот за социјална работа при Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирал во Сиднеј во 2011 година. (Крај)
извор: Дневник фото: Дневник