Охрид, 25. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарот со потекло од Охрид Чеди Осман потпиша продолжување на договорот со Кливленд кавалирс на дополнителни четири години и ќе добие огромно зголемување на личните примања.
Според новиот договор, тој ќе заработи вкупно 31 милион долари за четири сезони. Интересно е тоа што во првата година од новиот договор Осман ќе добие 8,6 милиони долари, но потоа ќе се намалува во следните три години, јави Спорт 1.
Во НБА-лигата тој беше драфтуван во втората рунда како 31-ви пик во 2015 година од Минесота, но во најсилната лига пристигна дури во 2017 година и беше трејдуван во Кливленд. (Крај)
извор: Спорт 1 фото: архива
Прочитано: 27