октомври 28, 2017

Охрид, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски фотограф Томе Љушев – Шпанец го освои Златниот медал УНИКА на 25-от Фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“, што се одржа во Битола.

Љушев со неговиот документарец „Страсна недела-Бигорски манастир“, кој беше дел од официјалната програма, ги освои симпатиите на меѓународното жири на фестивалот, предводено од Стефан Сидовски.

tomespanecnagrada2– Оваа награда всушност му припаѓа на целиот тим кој работеше на овој краткометражен документарец. Зад камерата и видео монтажата стојам јас, дрон-видеото го долови мојот внук Кристијан Љушев, потоа Лара Љушева како дел од тимот, музиката е дело на охридскиот гитарист Мартин Милески во комбинација со хорот Псалти при манастирот Бигорски, а музички продуцент беше Александар Јосифоски. Документарецот е приказ на годинашните случувања во последните три дена од Страдалната седмица од Воскресение Христово – Велигден. Благодатниот оган разгорен на илјадници лабмади.
Додека сме кај Манастирот Бигорски сакам да изразам огромна благодарност за подадената рака околу реализацијата до мојот духовен отец, игумен на манастирот Бигорски, архимандрит Партениј и целото братство од манастирот Бигорски и  сестрите од манастирот Рајчица. Оваа е моја втора освоена награда, првата ја освоив во Нови Сад за краток уметнички филм, но ова е мојот прв златен медал и особено ми претставува задоволство што доаѓа од рацете на реномирано жири и меѓународно познатата Уница, вели Љушев.

tomeljusevspanecНа фестивалот учествуваа автори на документарни филмови од Србија, Бугарија, Велика Британија, Германија и Шпанија.

Покрај Љушев, специјална плакета освои и ОУ „Христо Узунов“ за посебен придонес во аматерскиот документарен филм, а учествуваше со филмот „Билјана платно белеше“.

Инаку, највисоката награда, Гран при и плакета освои англичанецот Џејмс Калмерс, за филмот „Пофалба за црвената телефонска кутија“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: fb/youtube

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука