Охрид, 26. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го освојува Балканскиот музички пазар.
Заедно со Desingerica и Zera, тој го сними новиот сингл „Ccrno“, за кој музиката е дело на Desingerica и Пајак, а текстот и аранжманот се на Desingerica, Пајак и Napoleon.
Минатата година со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ ја сними „Летња авантура“, а претходно на пазарот во Србија се претстави и со хитот „Мала моја“ со Mc Stojan. Кај нас имаше фантастичен успех со „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска, а заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичната бројка од над 32 милиони прегледи на одличната песна „Bella“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива