Охрид, 17. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во СВР Охрид во 14:12 часот од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на улица „Момчило Јорданоски“ во близина на спортска обложувалница е пријавено дека К.С.(35) од Охрид, при гласање го сликал избирачкото ливче.
Гласањето е прекинато од 14:12 до 14:25 часот. Лицето е приведено во СВР Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.
Во СВР Охрид е пријавен уште еден случај. Околу 14:10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место број 1884 во село Октиси, струшко К.С.(67) од Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21