Охрид, 12. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Г.Ц од охридското село Подмоље, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 27 мај оваа година, во 03 часот и 50 минути пред влезната врата на кабаре лоцирано на ,,Кеј Македонија” во Охрид. Тука, тој нападнал лице од агенција за обезбедување, задолжен за извршување работи од безбедноста во угостителскиот објект.
Нападот се случил откако, работникот на обезбедување, го повикал лицето од Подмоље надвор од кабарето, откако претходно добил известување од одговорното лице во кабарето дека пријавениот видно е под дејство на алкохол, врши провоцирање и вознемирување на гостите.
Откако лицето задолжено за обезбедување му кажал на пријавениот дека не може да се врати во објектот, тој започнал да му се заканува, набрзо извадил метален пендрек на расклопување и го удрил лицето од обезбедувањето во пределот на вратот и левата нога. За да одбие понатамошен напад врз себе, оштетениот успеал да го совлада пријавениот и го задржи се до доаѓање на полициските службеници, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива