Охрид, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот охриѓанец Н.М. за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.
На 1-ви јули минатата година, во Охрид, извршен е претрес на тезга за продажба на земјоделски производи на пријавениот, кај кого во најлонска кеса е пронајдена 84,5 грама марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 35