Струга, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице настрада вчера во бизарен инцидент кој се случи околу 11:30 часот, на улицата „Едвард Кардељ“ во Струга.
– 44-годишниот Г.М. од Охрид, неговиот брат А.М. и М.П. сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, извршувале градежни работи, (местење на олуци), на куќата на лицето Ј.Б., при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал. Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица од Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. (Крај)
извор: МВР фото: архива