февруари 11, 2017

Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – 54-годишниот С.С. од Охрид, пријавил во Полициската станица во Охрид, дека вчера околу 06:30 часот отишол во казино, каде го пресретнале две лица.

Тие му побарале пари, по што С.С. одбил да даде пари. Потоа го нападнале и му одзеле на оштетениот 10.000 денари. На С.С. му била укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид, од каде бил префрлен во Болницата „Св. Еразмо“ поради фрактурата на носот, набиеници по главата и лицето, крвен подлив околу окото и рана на устата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука