јули 21, 2019

Охрид, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти јули 2019 година, околу 20:30 часот, 76-годишниот И.Л. од Охрид, пријавил семејно насилство и загрозување на сигурноста извршено од страна на 37-годишниот О.Л. во нивниот семеен дом.

– При обид за негово приведување, тој физички им се спротивставил на полициските службеници упатувајќи им навреди и закани. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против О.Л. ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука