февруари 6, 2015

Охрид, 6. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе предлог до Основниот суд во Охрид, на 51-годишниот А.М. од охридското село Лескоец, како заштитни мерки да му се изречат, отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам.

По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид, Центарот за социјални работи Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.

– Предлогот, СВР Охрид го поднесе откако на 19-ти минатиот месец, 51-годишниот А.М. под дејство на алкохол, вербално ги навредувал членовите на неговото семејство и ја загрозил нивната сигурност заканувајќи им се со убиство и со опожарување на семејната куќа по што кон нив фрлал делови од покуќнината и други предмети. Предлогот со заштитните мерки, СВР Охрид го поднесе со цел превенирање и заштита на жртвите на семејното насилство, почитување на основните човекови права и слободи, животот, личниот интегритет, недискриминација и родова еднаквост со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука