News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 17, 2024

Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти октомври 2024 година, во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булевар „Туристичка“ во Охрид, патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 55-годишно лице удрило во велосипед управуван од 60-годишна жена, двајцата од Охрид.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука