јули 8, 2017

Охрид, 8. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот Т.С. од Охрид.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 7-ми мај оваа година околу 21:00 часот во семејната куќа на улицата „Даме Груев“ во Охрид каде, во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со неговата мајка барајќи и пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари, пријавениот земал нож во рацете и крајно агресивен и упатил сериозни закани по нејзиниот живот. Потоа го отфрлил ножот и земал секира по што, физички ја нападнал ударајќи ја со раце и нозе. По извршен медицински преглед, кај оштетената биле забележани повреди во пределот на главата, левата потколеница и градниот кош како и отекотини по целото тело, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука