Охрид, 30. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти декември 2024 година, во 20:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат од селото Велестово кон Охрид, четирицикл марка „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 41-годишно лице од Охрид, излетал од патот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 169