Струга/Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јануари 2025 година, во 18:50 часот, во струшката населба „Плитишта“, лишено е од слобода 43-годишно лице од Охрид.
– Тој претходно, во близина на казино, лоцирано на истата улица, со својот автомобил „Мерцедес“, удрил во паркирано возило „Голф“ по што се обидел да го напушти местото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 26