септември 21, 2017

Охрид, 21. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 34-годишниот А.А. од Охрид заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“.

– Казненото дело, пријавениот го сторил на 31-ви јули оваа година, во 23:30 часот во својот дом на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена и каде спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и крвни подливи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука