Охрид, 21. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Големите ентузијасти, спортисти и вљубеници во планините, охриѓаните Горан Митрески и Филип Василески го освоија Ojos del Salado, највисокиот вулкан на светот.
На почетокот на годината, тие се искачија на 6.893 метри високиот вулкан во Северна Америка, каде го развиорија македонското знаме.
Вулканот Ojos del Salado е активен страто-вулкан на Андите, на границата помеѓу Аргентина и Чиле и е највисокиот активен вулкан во светот, на височина од 6.893 метри. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: FB Goran Mitreski
Прочитано: 58