ноември 9, 2024

Охрид, 9. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните на Охрид бараат итно решавање на депонијата „Буково“.

Екипа на OhridPress денеска направи обиколка до депонијата, при што е забележан чад на неколку места. Вака изгледаше депонијата денес:

Под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, а во организација на иницијативата „Збогум Буково“ и нивните поддржувачи, денеска на Градскиот плоштад во Охрид, од 12:00 часот ќе се одржи консултативна средба и дискусии за потребата итно да се интервенира за затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.

Од иницијативата „Збогум Буково“ велат дека нивна визија е „Буково“ да биде место за пикник за идните генерации, наместо извор на загадување и срам за нашата генерација.

Иницијативата „Збогум Буково“ досега е поддржана од над 50 организации, месни заедници и голем број на граѓани. Неодамна јавно побараа од Општина Охрид и општините од Југозападниот плански регион најитно да се договорат и вклучат во регионалниот систем за управување со отпад, да се надминат сите административни бариери и да се отвори регионалната депонија во Новаци, со цел да се заштити здравјето на над 50.000 граѓани на општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука